Судиите од тефтерчето на Гоца Бесни Брк продолжуваат со опструкции: „Пуч“ ќе се одложува, на специјалните јавни обвинители не им е овозможен соодветен увид во доказите

0
194

Специјалното јавно обвинителство ќе побара одложување на процесот „Пуч“ за кој утре во 10:00 часот во Кривичниот суд е закажана главна расправа, потврдуваат од СЈО за „Академик“.

Тимот обвинители од Специјалното јавно обвинителство на почетокот на месецов секој ден вршеше увид во доказите за „Пуч“ во Скопскиот кривичен суд поради одбивањето од судот да им го испрати цел материјал. .

Оттаму велат дека Специјалното јавно обвинителство сè уште не го добило одговорот од Кривичниот суд на барањето за добивање копии од доказите за случајот „Пуч“, кои им се потребни за подобро запознавање со предметот и за негова соодветна презентација во судница.

Целосното образложение зошто ќе побараат повторно одложување, ќе го кажат преку соопштение кое ќе биде достапно за јавноста.

Извор: Академик