Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од правдата и се обидува да бега, но одговорност ќе има!

0
191

Изјава за медиуми на Горан Сугарески, координатор на пратеничка група на СДСМ и опозицијата:

Бегањето од соочувањето со вистината стана заштитен знак на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Цели десет години тие бегаат од соочување со вистината и одговорноста за сопствените постапки. Таквото однесување кулминираше во последниот период.

Во неколку наврати, преку различни трикови успеаја да ја минираат Надзорната комисија за поплавите. Не сакаат на јавноста да им ја објаснат нивната неодговорност и неспособност, воопшто не ни помислуваат Надзорната да продолжи со работа.

Она што го видовме околу измените на Законите за СЈО и Заштита на сведоците дополнително потврди дека во ВМРО-ДПМНЕ се плашат од работата на СЈО и дека бегаат од соочување со правдата. Декларативно го поддржуваат Специјалното обвинителство а истовремено прават се за тоа да не работи со сиот капацитет. Исплашени од одговорноста, тие ги отфрлија нашите предлог измени на Законот за СЈО и Законот за заштита на сведоците.
Исплашени дека ќе загубат контролата врз вработените во адмнистрацијата, тие ги одбиваат и нашите предлог измени на Законот за административни службеници преку кои бараме оценувањето на службениците да се пролонгира по изборите.
Свесни сме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да бега од соочувањето со вистината и свесни дека стравот од понесувањето одговорност, како наближуваат изборите, станува се поголем. Но тие мора да бидат свесни дека не можат вечно да бегаат. Се наближува денот кога секој ќе мора да понесе одговорност за сопствените постапки.
Доаѓа време на одговорност и транспарентност. Македонија не смее повеќе да си дозволи да биде водена од луѓе кои се плашат да се соочат со фактите и кои немаат чувство за одговорност.