СТУДЕН ТУШ ЗА КАТАЛОНЦИТЕ ОД ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА АЈАКС – Де Лихт : „Јас во Барселона? Лошо се информирани“!

0
194

Матијас Де Лихт (19), решил да се огласи по повод шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона, каде од наредната сезона ќе игра неговиот соиграч од Ајакс и холандската репрезентација, Френки Де Јонг.

Де Лихт, за чии услуги интерес покажуваат Баерн Минхен, ПСЖ, Атлетико и Реал Мадрид, Јувентус, односно Манчестер Јунајтед и Манчестер сити, ги негира тврдењата на „Мундо Депортиво“ дека се договорил со Барселона.

„Веќе подолго време се пишува за мене. Велат дека сум нов играч на Барселона, а јас се уште сум во Ајакс. Очигледно е дека немаат добри информации“, рекол Де Лихт и дополнил.

„Апсолутно не се случува ништо и фокусиран сум само на завршницата од сезоната“.

Перспективниот дефанзивец е проценет на 60 милиони евра, а наводно Барселона му понудиле годишна плата од 16 милиони евра.