„Студентски пленум“ се огради од Туфегџиќ, таа вели критиките се добредојдени

0
433

Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница се огради од  „јавните и приватните ставови“ на Ивана Туфегџиќ, која го доби деветтото место на кандидатската листа на опозицијата во првата изборна единица.

По објавувањето на пратеничките листи на СДСМ, каде Ивана Туфекџиќ се најде на деветто место во првата изборна единица, Студентскиот пленум се огради од неа.
-Во врска со написите што излегоа во медиумите дека како деветти кандидат во првата изборна единица во избирачката листа на СДСМ се јавува претставник на „Студентски пленум“, остро ги отфрламе како неточни. Заклучно, „Студентски пленум“ нема репрезент на претстојните избори, па граѓаните и граѓанките студенти што ги споделуваат принципите на „Студентски пленум“ единствено можат да придонесат преку активно вклучување во него, велат од Студентскиот пленум.
Студентски пленум како активен чинител во општественото и политичко уредување во Република Македонија јавно и недвосмислено се оградува од jавните и приватните ставови на Ивана Туфегџиќ, порачаа од Пленумот.