СРЕДНОШКОЛСКИ ПЛЕНУМ : Соопштение за граѓаните , медиумите , невладините организации и здруженија на граѓани

0
214

Ве известуваме дека е формиран Средношколски пленум во Прилеп. Целите и интересите на Пленумот се јасно дефинирани од страна на сите средношколци ширум Македонија. Цврсто стоиме на барањето за укинување на предметот Математика како задолжителен предмет од државната матура и враќање на стариот концепт на полагање на државна матура и промена на законот за екстерно тестирање.

srednoskolski-plenum

За таа цел Пленумот организира Средношколски марш во Среда (01.04.2015г.) под слоганот „Стоп за лоште реформи во образованието“ кој ќе започне пред камената бина во центарот на градот во 12:45, а ќе заврши пред канцелариите на подрачното одделение на Министерството за образование, наука и култура. За таа цел ги повикуваме сите средношколци да излезат и да кажат НЕ за лошите реформи кои од средношколците прават експериментални глувци и да го искажат својот став за подобро и поквалитетно образование во Република Македонија.

Исто така ги повикуваме и родителите, студентите, невладините организации, граѓанските активисти и здруженија и сите слободоумни граѓани да ни се приклучат и да дадат поддршка за враќање на квалитетот на образованието и добивање на достојни услови за подобро образование. Во исто време се оградуваме од било какво дејствување за политички партии и интереси и ги предупредуваме сите дека било какви притисоци и закани нема да не спречат во намерата да се избориме за нашите права!

Нашиот став е непоколеблив, нашиот дух е непокорлив, да се изјасниме гласно затоа што молчењето не е решение!

Средношколски пленум – Прилеп