Средба Шекеринска-Фраj: Победнички листи за обнова на демократскиот капацитет на Собранието

0
310

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера се сретна со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг кој беше придружуван од директорот на фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Раи.

Заменик претседателката Шекеринска истакна дека СДСМ ги промовираше своите победнички листи со кандидати за пратеници кои ќе го обноват демократскиот капацитет на Собранието на Р.Македонија, соопштуваат од партијата.

„Институциите мора да работат во интерес на граѓаните. Неопходно е целосно спроведување на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе и на тоа се обврзува идната одговорна Влада на СДСМ. Институциите ќе се ослободат од системската контрола на власта во заминување и ќе профункционираат во интерес на граѓаните. Граѓаните на Р.Македонија цврсто се решени дека иднината на земјата ја гледаат во ЕУ и НАТО и затоа промените коишто доаѓаат на 11 декември се првиот чекор кон тоа. Ќе ги вратиме демократските процеси и владеењето на правото во земјата!“ рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Заеднички беше заклучено дека е неопходно да се одржат фер и демократски избори на 11-ти декември, граѓаните слободно да гласаат и да се избере стабилна Влада којашто ќе ја врати земјата на патот на евроатлантските интеграции, стои во соопштението.