Спасов : Треба храброст да се победат и остатоците од режимот на Груевски!

0
484

Треба храброст да се победат и остатоците од режимот на Груевски

Не е крај на светот. Кој се разбира во политика разбра дека ВМРО ДПМНЕ побегна од изјаснувањето за да не се види колку мала подршка има во народот. Да учествуваше ќе станеше јасно дека нема повеќе од 300 илјади подржувачи. Коалицијата”За европска Македонија”со освоените над 600 илјади гласови ќе имаше двотретинско мнозинство.

Но тие, по советот од Москва, побегнаа од пребројување на референдумот за да можат “мртвите души” кои не гласаат на избори или кои се разочарани во сите партии да си ги припишат на свото конто како бојкотирачи и како изразувачи на волјата на народот.

Предводени од Иванов и дадоа можност на Москва да ја продолжи кампањата против “мешањато на Западот”во внатрешните работи на суверена земја и во име на некаков “суверенизам” да продолжат да го оневозможуваат членството на Македонија во НАТО. Оттука е толку голема радоста од неуспехот на референдумот и во некои официјални српски националистички кругови околу Вучиќ.

Но. Сето тоа не треба да не вознемирува.

Референдумот беше консултативен, охрабрувачки и поучен за партиите од новата политичка коалиција “За европска Македонија”

Ако за неколку дена стане јасно дека нема парламентарно мнозинство за промена на Уставот тогаш треба без било какви отстапки кон ВМРО ДПМНЕ да се организираат брзи предвремени избори. Дури и под закана дека опозицијата ќе ги бојкотира таквите избори тие треба да се одржат. Тие избори ќе покажат дека Коалицијата за европска Македонија има двотретинска подршка во избирачкото тело за смена на Уставот и за импичмент на Иванов.
Не треба веќе никого да молиме.Само со ладни глави. И без нервоза. Се ќе си дојде на свое место.

Среќата ги прати храбрите.
И со храброста со која беше сменет режимот на Груевски треба да се победат овие остатоци од тој режим кои се маскирале во бојкотирачи и ја уживаат подршката на Москва и на остатоците од режимот на Милошевиќ во Србија само заради нивните сопствени интереси.
Остатоците од режимот на Груевски мора да бидат поразени во политичката битка а не со нив да се преговара или са се прават обиди за некаков компромис околу нивните барања.