Спасовски се сретна со специјалниот претставник на СЕ за мигранти Бочек

0
207

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци Томаш Бочек.

Како што соопшти МВР, главниот фокус на посетата на Бочек беше ставен на состојбата со бегалците и начините за справување со кризата.

Притоа, министерот Спасовски го информирал Бочек за максималните напори што Република Македонија ги прави за обезбедување на хуман прифат и третман на бегалците и почитување на човековите права, што претставува приоритет на Република Македонија, стои во соопштението од МВР.