СПАСОВСКИ И ДИМИТРОВ ВО ПРИЛЕП: Граѓаните 30 септември ќе го направат величествен ден за паметење!

0
377

На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност и како горди Македонци да влеземе низ портите на НАТО и ЕУ

(Прилеп, 22 септември) – Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за одбрана Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на трибина во Прилеп, во организација на коалицијата „Излези за европска Македонија“ разговараа со граѓаните на општината за најважните аргументи зошто секој граѓанин на нашата земја има одговорност на 30 септември да го даде својот глас на референдумот за себе си, за своите деца и за иднината на Република Македонија.

„Граѓаните 30 септември ќе го направат величествен ден за паметење. На тој ден, обединети на европскиот пат, гласот на граѓаните ќе биде глас за европска Македонија, членка на најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Гласот на секој граѓанин ќе биде глас за европски вредности и можности, глас за рамноправно место до граѓаните на ЕУ и НАТО, во заедници што гарантираат безбедност, сигурност и економски просперитет“, истакна Спасовски, и додаде дека одлуката на референдумот е одлука и за крај на штетните политики за граѓаните и за државата, и одлука за споделување на заедничките визии со сите останати граѓани на ЕУ.