Со Југо ќе го прошета светот за да застане на нозе другарка му која е неподвижна

0
291

Нино Трајковиќ од Вечеја, кој минатата година со својот другар Џорџе Илчешин (24), патуваше до Монголија и назад, оваа година тргнува во уште една авантура.

Тој планира да патува до Кејптаун во Јужноафриканската република. Тој ќе тргне на 20 април, како и минатата година, а целта на ова хуманитарно патување е да собери средства за својата другарка која е во инвалидска количка.

Нино и Џорџе се членови на тимот “Yes, we Khan. Genghis Khan”, но овој пат нема да патуваат заедно.

– Џорџе мојот партнер во патувањата, а не животен, кој минатата година идеше со мене во Монголија, моментално не може да ме придружува – изјавил Нино за порталот Телеграф.рс.

Овој пат заедно со неговиот другар Рино ќе поминат 17.500 километри, односно 15 земји низ Европа, Азија и Африка. Патувањето ќе трае 50 дена.

Тој вели дека има желба да се качи на врвот на Африка, Килиманџаро. Минатата година собираше пари за Центарот за напуштени животни, а овој пат за неговата другарка.