Со падот на режимот на лудакот Грујо, во земјава мора да го вратиме хуморот на голема врата!Коцев ИН, Жарко АУТ

0
1348

Хуморот отсекогаш бил првата брана пред лудоста на диктаторите!

Затоа во моментов во САД главната војна со Трамп ја водат комичарите Стивен Колберт, Џими Кимел, Бил Мар, Џон Оливер, Сет Мајерс, Тревор Ноа итн кои сите имаат тв шоуа на најгледаните кабелски и терестријални телевизии во Америка и се обраќаат на милиони гледачи, и со својот хумор го масакрираат претседателот Трамп и неговите приврзаници.

Ист беше и кај нас со децении, растевме со Пецко на А1, К-15 на сите можни телевизии, Зевзекманија кога Канал 5 не беше куртон тв, настапите на Хихириху на радио и тв…

Сега единствено проектот Вчерашни Новости се обидува да го врати тоа златно време и секако еднаш годишно ја имаме Златна Буба Мара на популарноста, но некако тоа е премалку.

Најголем кретен и најголема штеточина во оваа област во моментов е оној копук Жаре кој нема муда и нема талент за хумот, што е гадна комбинација за водител на комично шоу на тв. Крајниот резултат е едно очајно досадно мучење од еден саат неделно што е невиден злостор врз комедијата како бранша на овие простори.

Но злоделото е пошироко, тој со тоа што фрла во вода таква прилика да му се наебе матер на режимот и лудаците, прави невидено злодело врз здравиот разум и вистината во земјава. Можете ли да замислите Сашко Коцев да има еден саат неделно на голема телевизија за кажување вицеви, па тој самиот досега ќе го срушеше режимот на ВМРО ДПМНЕ!!!

Но ние го имаме Жаре, ова комерцијализирано гомно кое се појавува во сите спотови и ПР кампањи и ги води сите можни манифестации на големите компании во земјата, очигледно човекот одбрал да биде мушка Ирена Спировска наместо да биде добар комичар кој ќе ги засмејува масите и ќе биде кошмар за мафијашите…

А народот очајно има потреба од добар хумор, затоа што добриот хумор утешува, забавува, дава надеж, го штити здравиот разум, го исмева злото…

Извор : Мактел

СПОДЕЛИ