СО ИЗНАЈМЕНО ФЕРАРИ ОД ШВАЈЦАРИЈА, СЕ ФАЛЕЛ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: А ПОТОА И СИ ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

0
742
Дваесет и петгодишниот Т.Ц. од Македонска Каменица заработи кривична пријава од делчевската полиција за сторено кривично дело “затајување”.

На 31-ви јули годинава, пријавениот Т.Ц. од компанија во Швајцарија на користење изнајмил автомобил “Ferrari”, a со компанијата склучил Договор за изнајмување на возилото од 31.07. до 10.08.2015-та година и според договорот возилото требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија.

Но, спротивно на тој договор, пријавениот очигледно не можел да му одолее на возилото, па решил и да не го вратил во определениот рок, а со истото дошол во Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на земјата.

1578-ferrari-458-italia-red-street-city-kamenica-01

Со кривичното дело пријавениот за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, со тоа причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра.

Извор : Точка