Сопругот просветен инспектор си ја мести сопругата за директор на основно училиште во Кр.Паланка

0
235

Наскоро – Бунт во ОК Вмро Дпмне – Кр.Паланка

Да, да, добро прочитавте – Бунт, но не против опозицијата туку едни против други, внатре во партијата.

Додека обичното членство го лажат дека Груевски нема да ја даде власта во Април 2016 и тие со сигурност ќе останеле да владеат уште еден мандат, на поистакнатите вмровски активисти им е јасно како бел ден дека овој процес со објавување на “бомбите” и договорот од “Пржино” не се паднати од небо туку така, напротив, ова е добро организирана стратегија за смена на авторитарната со нова демократска власт во Р.Македонија и така и ќе биде, чекор по чекор.

11863328_722478041213304_5363773243262892590_n

Е, на тие пак што им е јасна состојбата и како ќе се движат работите наредните месеци, уште сега калкулираат, прават математики и лоби групи внатре во општинскиот комитет  како да дограбат од она мало парче што останува а се нарекува колач на власта.

Така, доскорешниот секретар на ОК Вмро Дпмне (поранешен издржувач на казна затвор за нанесување на тешки телесни повреди) откако, како што вели нивниот коалиционен партнер Стевчо Јакимовски, “со алаш вериш” успеа да ја постави лично својата сопруга (ќерка на најголемиот “комуњар” во Кр.Паланка од 90-тите години) за претседателка на Унија на жени на Вмро Дпмне Кр.Паланка и најверојатно и пропадна планот и пустата желба да стане амбасадорка, (таа позиција ќе ја зграпчи друга активистка која само она си знае како и со што излобирала за ова место) сега знаејќи дека централната власт ќе ја изгубат во април 2016 а локалната ќе ја имаат во свои раце една година повеќе, кога се локалните избори 2017-та, лобира да ја постави за директорка на основното општинско училиште “Јоаким Крчовски” .

Замислете, тој просветен инспектор, таа директорка на Основно Училиште. Сопругот ќе го контролира работењето на својата сопруга со која ја дели постелата и одгледува фамилија. И после нели нема да има криминали, местење тендери по училиштата. Ма се ќе си оди како подмачкано.

Но за да се реализира овој план треба најпрвин да се смени сегашниот директор чија пак сопруга е директорка на центарот за социјални работи (која со доаѓањето на новиот министер за труд и социјални работи од СДСМ, на 20-ти октомври, веднаш ке биде разрешена и лично од новиот министер за внатрешни работи кој исто така ќе биде на предлог на СДСМ, ќе биде потегната истрага за злоупотреба на службенатаположба и овластување како и за упатување закани на најранливите категории на луѓе за време на изборите, за кои има докази) а нивниот син е претседател на Унијата на млади на Вмро Дпмне Кр.Паланка.

Е, затоа се очекува да има “бунт” во општинскиот комитет. Едни да ги задржат а други да ги сместат своите задници во удобните директорски фотељи кои значат власт, моќ, пари и тендери. А за обичното членство им чуе, нив имаат задача од Скопјеод централа, да ги лажат, убедуваат и им прават “филмови” како власта нема да ја дадат а всушност Груевски уште сега потпиша договор за преодна влада и негова оставка а не пак по април.

После април на сите им е јасно дека тие ќе бидат опозиција без можност да помагаат на своето членство со вработувања и сл. Што се зграби до тогаш тоа е. Инаку, позади целата оваа ујдурма стои, како што го нарекуваат паланчани, “трчи-л`жи банкарот” кој од позицијата претседател на ОК Вмро Дпмне Кр.Паланка ги мести коцките и работи во корист на криминалните структури во партијата и кој се очекува да го добие најдебелиот крај…од стапот.