СОПРУГАТА НА ПАНЧЕВСКИ ГЛАВНА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА ВО УЈП ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА?!

0
1211

Се поочигледно е дека крајот на ВМРО-ДПМНЕ се наближува. Нови и нови скандали ги тресат партиските послушници на Никола Груевски.

Директорката на УЈП, прилепчанката Анастасија Илиеска, треба да одговори како е можно да ја унапреди за речиси 23 работни позиции повисоко Христина Панчевски, сопругата на Претседателот на Кривичен Суд, Владимир Панчевски. Христина Панчевски во УЈП работела во Секторот за правни работи, па со времено решение станува РАКОВОДИТЕЛ во одделение за присилна наплата, по што со усна наредба дирекно од директорката на УЈП станува и ГЛАВЕН координатор за присилна наплата на даночни обврзници во цела Македонија.

Од една страна скандали со дивоградби во Центар на претседателот на Кривичен, Панчевски, од друга страна жена му ќе сее страв и ќе собора арач низ цела Македонија. Доаѓа време кога извршителите на волјата на Никола Груевски на штета на граѓаните ќе се соочат со правдата и ќе одговараат за сите злоупотреби. Доаѓа крајот на криминалните политики. Доаѓа слободна и демократска Македонија. Секој што го прекршил законот ќе одговора!

Извор : CentarNews