СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – Општина Гази Баба формира комисии за проценка на штетите предизвикани од вчерашното невреме, состојбата е веќе стабилна а штетите веќе целосно санирани

0
395

Состојбата е стабилна, формирани се комисии за проценка на штетите

Соопштение за јавност

Ја информираме јавноста дека состојбата по вчерашното невреме во општина Гази Баба беше сложена, но истата е под контрола на службите.

Вчерашното невреме, кое на моменти беше критично и сложена, предизвика штети со поплавување на дворни и подрумски простории на куќи и земјоделски површини.

Во текот на вчерашниот ден екипи на општината, заедно со градот Скопје и јавните претпријатија, ја следеа состојбата и ги санираа сите штети од невремето.

По невремето целосната локална патна мрежа како и обиколницата беа исчистени и повторно проодни од нанесената кал и камења.

Се работеше на канализациската мрежа во Ченто, Сингелиќ и Инџиково.

Каналите беа во постојан мониторинг и во текот на вчерашниот ден се интервенираше на повеќе места, како би се спречило излевање. Во текот на денешниот ден, се работи по целата должина на каналската мрежа, од Брњарци спрема Стајковци до Сингелиќ.

По предлог на градоначалникот Георгиевски, Советот на денешната седница ги изгласа одлуките за формирање на комисии за утврдување на штетите. Формирана е комисија за проценка на штетите на градежните објекти, како и комисија за проценка на штетите за земјоделското земјиште. Сите граѓани кои во текот на вчерашното невреме им е предизвикана штета ќе можат од утре, вторник 08.05.2018 година, на едношалтерскиот систем во општината да пополнат образец, по кои формираните комисии на терен ќе ја констатираат штетата.

Службите на општината остануваат на терен и ќе ја следат состојбата во текот на наредните денови.

Одделение за односи со јавност