СОНК продолжува со штрајкот, ќе организира и протести низ повеќе градови

0
87

Соопштение на СОНК:

sonk

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија (СОНК), на редовната седница одржана на 01-02-2015 год. едногласно ги донесе следниве

З А К Л У Ч О Ц И
1. Напорите на Советот на СОНК, согласно законите на Р. Македонија и меѓународните конвенции, низ социјален дијалог со социјалните партнери за да се изнајде заедничко решение по барањата на СОНК, кои се причина за Генералниот штрајк и понатаму не резултираат, поради неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства.
Согласно ваквите непроменети состојби Советот заклучи: – Генералниот штрајк да продолжи со одржување и во наредниот период.
2. Со цел да се упати нова и поенергична легитимна порака до социјалните партнери, Советот одлучи на 04-02-2015 год.(среда) во општините кои ги опфаќаат регионалните одбори на СОНК, да се организираат ј а в н и п р о т е с т и, преку кои дополнително ќе се манифестира одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања.
Советот им препорачува на регионалните одбори на СОНК да им овозможат учество на јавните протести на сите полнолетни граѓани, кои ќе изразат лична подршка на барањата на просветните и културните работници, членови на СОНК.
Советот ги задолжува регионалните одбори на СОНК да ги превземат сите неопходни подготовки за организирање и одржување на мирни и достоинствени протести.
3. Доколку ресорните министерства и Владата на Р.Македонија не пристапат кон одговорен социјален дијалог со раководството на СОНК за договарање на взаемно прифатливи решенија по барањата, најдоцна до 04-02-2015 год., во тој случај Советот на СОНК заклучи да се организира – Ц е н т р а л е н п р о т е с т пред ресорните министерства и Владата на Р. Македонија на 06-02-2015 год (петок), со учество на сите членови на СОНК кои ја подржуваат Одлуката за штрајк, како и сите полнолетни граѓани кои изразуваат подршка на легитимните барања на СОНК.
4. Советот и на оваа седница ја потврди целосната подготвеност за максимално коректен и конструктивен однос и подготвеност за социјален дијалог со ресорните министерства, со застапување на легитимните интереси на членството, изразени преку непосредно изјаснување на истите.
5. Овие Заклучоци влегуваат во сила со денот на нивното усвојување.