НОВИНАРКАТА МОНИКА ТАЛЕСКА ИМ ОДГОВОРИ НА КУРТОНИТЕ И АМЕБИТЕ ПАРАМЕЦИУМСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД НЕЈЗИНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА : Дамките и етикетите коишто се обидувате да ги фрлите врз рејтингот на новиот градоначалник Илија Јованоски, се чист популизам, ваш познат политички манир, но безуспешен

0
1396

Почитувани,

Се одлучив на овој прес, зашто сметам дека треба да и’ презентирам на јавноста дел од мојот професионален и приватен бележник, на страниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Локални функционери од ВМРО-ДПМНЕ, јас сум како што многу добро знаете, од ретките коишто можат со чиста совест да кажат дека без калкулации, посветено преку две децении работи на подобрување на општествено-политичките процеси и особено на статусот на социјално загрозените и обесправени по разни основи граѓани,да,неприкосновен борец за човекови права.

Но, зарем заборавивте дека мене ми се обраќате. Не се обидувајте преку мене да го храните револтираното ваше членство, поради изборното фијаско што го доживеавте, премногу сум храбра и одлучна, професионална за да бидам плен на „мршојадци пред умирање“.  ПР советниците, грешно ви сугерирале, да креирате медиумска стратегија на доблесни политичари загрижени за човечките судбини. Зашто тие – не сте вие!

Заборавивте ли дека јас сум истата новинарка, на која што не ѝ ги плативте придонесите за здравство, во тежок момент, кога требаше да одам на операција, зашто имав тумор на лицето.

Заборавивте ли дека не сакавте да ги чуете моите молби. Да. Се работеше за здравје.

Два пати вашите партиски пиoни, ангажирани во ТВ Прилеп, ми дадоа отказ поради мојата објективност во информирањето, без око да ви трепне, а бев самохран родител.

Заборавивте ли дека со бодигарди со и без репови … ми забранувавте да влегувам на работно место, не можев да си ги земам ни приватните предмети од фиока во медиумот, којшто пред вас беше медиумска куќа во која слободно влегуваа сите граѓани на Прилеп.

Ми вршевте стравотен политички мобинг, на колегите им забранувавте со мене да разговараат, немав биро, ни стол каде да работам, се влечев по судови. Само поради една причина, ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ.

Згора, на моето дете му ја зедовте и стипендијата во средно образование, вие партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве разбирам, дека сакате да се издигнете повторно од пеплиштата на политичкиот виор, во кој потонавте, но не можете преку мене? Ви треба доблест да понесете одговорност за вашите дела и злодела.

Да ве потсетам, додека месечно ви се слеваа дома, по неколку илјади евра, кога јас Моника Талеска ве молев како човек, а не како новинар, без да знае јавноста, да продолжи со работа народната кујна, со цел што поскоро на сиромашните, најгладните граѓани да не останат без леб.

Заборавивте ли дека додека уживавте во вашиот раскош и самобендисаност, кога пак јас како човек, барав помош за граѓанинот којшто спиеше со змиите, без струја и вода во руинирана куќа наспроти манастирот Архангел Михаил. А, го нарековте човекот умоболен, зашто не заработувал, или крајно тој мора да е мрзелив. Ова е вашиот код, овој е вашиот чип. Сиромашните и немоќни вие вака ги третирате.

Зарем вие на кои што око не им трепнува за овие граѓани мене се осмелувате да ме критикувате?

Сите заедно да се соберете, ја немате силата и храброста ,човечноста и хуманоста што ја имам јас. Зашто сум човек кој не прави калкулации со животот на луѓето, со нивните судбини, зашто кога требаше вие да им пружате помош на обесправените, зашто ги имав обврските и ингеренциите, јас организирав хуманитарни акции зашто немав срце да ги гледам нивните страдања. Тогаш бевте ангажирани со патувања, во Австралија, Америка, со разни фестови и пиенки и јаденки…трошејќи ги нашите пари, парите коишто требаше да се слеат како храна во устите на сиромашните родители и деца.

Среќавав луѓе професионално, коишто ме бараа да ги поделат со мене страдањата, некои беа во длабока депресија, зашто се чувствуваа немоќни да им помогнат на децата, а вие тогаш уживавте, им вртевте грб, не се отповикувавте на медиумските приказни, на нивниот крик за живот, зашто тие го имаат тоа право.

Човек не се станува хуман, хуман човек се раѓа!

Партискиот стражар во домот за стари ми го фрли микрофонот, дури и демонстрираше подготвеност физички да ме удри, само затоа што ја презентирав вистината за штитениците, кои беа оставени без соодветна храна, без греење, во институција која беше извор на нечистотија.

Да го потсетам Петар Ристески, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се засрамите што дозволивте болницата да тоне во хаос, без опрема и потребен кадар, вршевте политички мобинг врз вработените во болницата, партиски знамиња веевте од службено возило како директор на Здравствен дом. Ви ја разбирам мечтата, но нели сте преамбициозен стоматолог, кој сака само да биде директор на болницата поради привилегиите, пред врвните специјалисти во болницата?

Марјан Ристески, сега кога не си градоначалник пак ќе те потсетам, на двочасовните закани по телефон, ако продолжам да работам против твојата агенда… „ќе видиш ти што ќе ти направам…?“ , повторуваше сè додека ти кажав дека ќе те пријавам ако продолжиш натаму да ми се закануваш.

Јавноста многу детали од мојот професионален дневник на страната на мизеријата на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп не ги чула.

Затоа, не продавајте магла. Јас бев, сум и ќе бидам секогаш на страната на обесправените, на граѓаните од социјално загрозените семејства,на страната на борците за човекови права, зашто јас сум хуман човек по вокација.

А, сега за несреќата.

Да, се случи несреќа, на 30 октомври, ден пред да почнам да работам во Општина Прилеп. Навечер, во мрачните улици што Марјан Ристески му ги остави на градот. Јас повикав итна медицинска помош, ѕвонев два пати броејќи ги секундите загрижена за здравјето на жената. Јас и уште еден граѓанин, повикавме полиција. Два дена ја посетував жената во болница,  а нејзиното здравје ми беше единствен приоритет. Впрочем, така размислува човек, кој не планира сценарија, туку сочувствува. Од моментот,кога е пуштена дома, сопругот ми кажа дека сакаат да се средат, потоа би можела да ја посетам. Оттогаш натаму не сум ги видела луѓето, ниту сум контактирала некој од нив. Секој ваш збор дека сум и вршела притисок, дека сум изнудувала криење факти се само ваши конструкции, пуста желба, но само виртуелна, без основ.

Дамките коишто се обидувате да ги фрлите врз рејтингот на новиот градоначалник Илија Јованоски, се чист популизам, ваш познат политички манир, но безуспешен.

Етикетите не држат лепак, зашто не како градоначалник, бидејќи следниот ден почнав со работа, туку како беспрекорен доктор и мој пријател го викнав во моментов на несреќата. Какви притисоци, какви контакти и договарања, криења на факти. Не функционираат сите политичари по добро познатите сценарија на ВМРО-ДПМНЕ … во кои дури има криење факти и за убиства.

Но, ве разбирам, не можете да размислувате надвор од вашата партиска рамка.

Добронамерно ви советувам, пребројте се, фокусирајте се на себе. Соберете храброст, и имајте доблест да си заминете од функциите што се уште ги држите и во партијата, зашто вие сте целосно неуспешни и како екипа и како поединци, со вас партијата ќе потоне на дното.

Се надевам дека квалитетните кадри во ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исчистат партијата од коровот, и дека конечно ќе прерасне во релевантен политички субјект на политичката сцена и во на локално и на национално ниво.

На едно демократско општество му е потребна квалитетна опозиција, не збирштина на неуспешни, неодговорни, несовесни.

п.с. кога ќе одржувате следен прес, научете го првин сопартиецот да знае да чита, и не инструирајте млади момци и девојки да читаат невистини, тие доправа треба да го почнат животот. Вие бидете храбри и застанете пред јавноста!!! Вас да ви го чуеме гласот!

СПОДЕЛИ