Советниците на СДСМ во Сопиште не го сакаат Ќосето во нивната општина

0
195

Советниците на СДСМ во Општина Сопиште гласаа против одлуката да биде побарано од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради да отстапување на споменикот на Андон Јанев Ќосето. Мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ бараат од Здружението да им го отстапи споменикот за да го постават на кружниот тек кон Сончев Град.

Од општинската организација на СДСМ во Сопиште велат дека локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ сака самоволно да постави споменик.

-Ние не сме против поставување на споменик на оваа локација, но гласавме против бидејќи во моментов со блокирана сметка којашто ја има општината, неприфатливо е да се финансира постамент и слично и да се бара да се стави споменикот на Ќосето тука. Дополнително, сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци Албанци Турци. Сметаме дека со самото поставување на овој споменик би се предизвикало дополнителен револт помеѓу граѓаните и населението кое што живее на оваа територија – изјави Сашко Стојановски, претседател на ОО СДСМ- Сопиште.