СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ, ЗАБРЧАНЕЦ: Мицкоски доживеа фијаско на лидерската средба!

0
581

Мицкоски денес не се избори за ништо. Ниту се избори за интересите на граѓаните и државата (членство на МК во НАТО и ЕУ), ниту пак се избори за интересите на менторите и партијата (амнестија). Ова го напиша синоќа на својот Фејсбук профил, советникот во Владата за односи со јавност Марјан Забрчанец.

Мицкоски по средбата изјави дека ги штител интересите на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ се избори за клучните барања: Пржинска влада, ДИК и Закон за финансирање на партии. До овој момент не преговаравме и не разговаравме за други теми, ниту за карактерот на референдумот, ниту за евентуалното референдумско прашање- изјави тој по средбата.