Славчо Попоски со најнова прогноза: Фронтален систем од северозапад доаѓа кон Македонија

0
492

Утре (24.2.2017) територијата на Македонија сеуште ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која е со потекло од јужните географски широчини (Северна Африка).

Поради тоа времето ќе биде сончево и невообичаено топло со мала до умерена локална облачност и со умерен а во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој ќе предизвика транспорт на прашина и песок од Сахара. Поради приближување на фронтален систем од северозапад во вечерните часови најпрвин ќе има зголемување на облачноста а во текот на ноќта кон сабота најпрвин во северозападните и во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд.prec01_033

Во денот сабота врнежите ќе се прошират и во останатите предели а истовремено од север ќе се спушта постуден воздух со што врнежите од дожд на планините ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира нова снежна покривка. Во северните и во северозападните предели повремени врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места додека на пониските места не се исклучува можноста за повремени врнежи од дожд и од снег. Во сабота во текот на денот исто така ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.

За време на овој фронтален систем и влажен воздушен бран особено во западните и во северозападните предели се очекува да наврнат над 10 л/м2 а локално до околу или над 20 л/м2 воден талог.

Максималната температура утре (петок) ќе се искачи во интервалот од 13 до 20 степени додека во сабота во северните и во северозападните предели максималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се искачат во интервалот од 2 до 7 степени додека во јужната половина ќе биде потопло и максималните температури на воздухот ќе се искачи во интервалот од 7 до 15 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ