Славчо Попоски со најнова прогноза за утрешниот ден (недела)

0
310

Територијата на Македонија и утре (12.02.2017) ќе биде во поле на висок воздушен притисок и на релативно сува воздушна маса кој ќе услови променливо облачно време со сончеви периоди кои локално ќе бидат подолги. Во утринските часови по одделни котлини не се исклучува можноста за магла додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

GFSOPIT12_24_1

Минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервал од -5 до 2 степени.

Максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервал од 3 до 8 степени.

За многу повеќе информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ