Славчо Попоски со детална анализа на времето за до крајот на оваа и почетокот на следната седмица

0
478

По вчерашниот фронтален систем и влажен воздушен бран кој донесе нови врнежи во државава од денес (четврток) па се до самиот крај на оваа седмица повторно времето во државава ќе биде стабилно, суво и невообичаено топло за овој дел од годината односно сончево со мала локална облачност. Умерена а понекаде и малку позначителна облачност ќе имаме во недела. Максималните температури на воздухот овие денови ќе се искачат во интервалот од 12 до 18 степени.

gfs-0-48

Нова промена на временската состојба кај нас и нови врнежи се очекуваат од понеделник кога ќе има и незначителен пад на температурата на воздухот.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ