Скоро 100.000 демонстранти во Брисел против мерките на штедење

0
286

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Брисел на протест против мерките на штедењето кои ги спроведе владата на десниот центар на премиерот Шарл Мишел во првата година од мандатот.

birsel

Трите главни белгиски синдикати се здружија во заедничка платформа  во која ја обвинуваат владата дека ги промовира големите компании на штета на работниците.

Синдикатите посебно се жалат на замрзнување на врската помеѓу инфлацијата и платите, кревање на старосната граница за пензија, намалување на социјалните додатоци и зголемување на даноците, кои според нивно мислење, на нефер начин ги фаворизираат работодавачите.

Според наводите на полицијата, на улиците на Брисел излегле околу 80.000 лица, додека организаторите на протестите проценуваат дека имало околу 100.000 лица.