СКАПО ЌЕ ГИ ПЛАТИМЕ ВМРОВЦИТЕ: БАРОКНАТА ЗГРАДА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА КАЈ СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СТОИ ПРАЗНА СОСЕ МЕБЕЛ ОТИ НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ

0
382

Работата е заглавена бидејќи минатото раководство во текот на градбата правело низа измени во градбата, а за тоа не поднесувале барања за да добијат одобрение од Министерството за транспорт и врски. (Фото: К.Попов)

Новата барокна зграда на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) од 15 милиони евра ќе стои празна бидејќи не може да добие употребна дозвола. Раководството и вработените во ЕСМ не можат  да се преселат во зградата спроти Старата железничка станица што беше дел од проектот „Скопје 2014“ оти од минатото раководство во текот на градбата се правеле низа измени, а за тоа не се поднесувале барања за да добијат одобрение од Министерството за транспорт и врски.

Сега, како што велат од ЕСМ за САКАМДАКАЖАМ.МК ‚ „работата е заглавена“. Надлежните од Министерството за транспорт и врски не им ги издаваат одобренијата бидејќи според законот тоа се прави пред да се почне со измените, а не кога тие ќе завршат.

За зградата набавен е мебел од 470.000 евра, кој веќе е распореден низ просториите. (Фото: К.Попов)

„Кога се градела зградата се терале измените без да се почитува законот. Им викале од Министерството за транспорт и врски – терајте, на крај ќе ги дадеме сите дозволи. Соочени со оваа ситуација, формиравме работна група која ја испитува состојбата со новата зграда, наследена како ситуација и затекната состојба при преземањето на раководењето со компанијата во 2017 година. Заедно со другите надлежни институции и со Владата се бара правен излез за да може објектот во иднина да се користи според сите правила и прописи на кои треба да подлежи“, велат од ЕСМ.

 

Компанијата сега е сместена во зградата на ЕВН во центарот на градот, на која исто така почна реновирање на фасадата во неокласичен стил, но запре по падот на Груевски. Австриската компанија пред две недели на јавната лицитација што ја распиша Град Скопје ја купи Градската куќа, на кејот на реката Вардар. Сегашниот простор на ЕВН ќе се продава. На прашањето на САКАМДАЖАМ.МК дали ЕСМ сега ќе ги откупи просториите на ЕВН, со оглед на тоа дека не можат да се преселат во барокната зграда, одговараат: „Доколку ЕВН одлучи да ги даде на продажба своите катови, односно својот дел од зградата, ЕСМ ќе биде првозаинтересиран да ги купи‘.

Барокната зграда на ЕСМ почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“ кој го спроведуваше низ центарот на градот тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Објект неколку пати го пробиваше рокот за завршување, како и сумата која беше потребна за негова изградба. Зградата првично требало да чини 9,8 милиони евра. Во текот на градбата цената се зголемува на 14,6 милиони евра, односно се зголемува за 48,4 отсто. Дополнително на ова се и трошоците за изработка на основен проект, 50-тина илјади евра, надзорот на градбата, кој го врши градежниот институт Македонија АД Скопје за 30-тина илјади евра и мебел од 470.000 евра.

Со промената на власта, новото раководство на ЕСМ склучи нов дополнителен договор бидејќи градежните работи целосно не беа завршени, не биле вградени потребните инсталации, а се поправаа и утките кои биле направени при градбата.бидејќи голем дел од градежните работи не биле изведени соодветно.

Во зградата нема ниту пристап за подземниот паркинг.  Минатoтo раководство планиралo да пробива улица меѓу паркот зад зградите од Градски ѕид.

ИЗВОР: СДК.МК