СКАНДАЛ НА ПРОТЕСТИТЕ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА : Режимот фатен на дело како се обидува да уфрли возила провокатори на протестите – Празни возила на Брза помош без лекари поминуваа на блокадите на Шарената револуција!

0
307

Со проокации започнаа денешните блокади на сообраќајот на мостови од страна на „Шарена револуција“ На блокадата кај мостот Гоце Делчев два пати помина празно возило на брза помош. Демонстрантите првиот пат го пропуштија возилото, пренесе порталот Стандард.

13467674_1202750163101048_2016565026_o-1000x565

Во исто време се појави екипа на неделникот „Република“ да фотографира, а демонстрантите ги исвиркаа и им довикуваа „ало началниче“. За кратко време, истото возило на брза помош се врати назад во правецот од каде што дојде и повторно сакаше да помине.

Демонстрантите ја оворија вратата на возилото, повикувајќи ги фоторепортерите да фотографираат дека внатре нема никој и дека се работи за провокација.

Како што пишуваат твитерџиите, тука била и екипа на провладината телевизија Алфа за да го сними настанот и веројатно подоцна да биде злоупотребен за пропагандни цели и оцрнување на Шарената револуција и демонстрантите.


ClEJ_4bWMAAsSxX ClEKCHRWgAAElcM ClEKEZ5XEAA9Lw5blokada mos