СКАНДАЛ: ЗОРАН СТАВРЕВСКИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ КРШЕЛ И НАПРАВИЛ ОПШТ ПИЧВАЈЗ?

0
487
Вицепремиерот и минситерот за финансии Зоран Ставревски синоќа низ централните простории на ВМРО-ДПМНЕ нервозно кршел предмети  дознава Centarnews.net.
stavre
Како што вели нашиот извор, по вчерашното објавување на прислушуваните разговори од страна на Зоран Заев, Зоран Ставревски видно лут и нервозен ги напаѓал вработените и функционерите кои биле во тој момент во просториите?
Тој се обидел во текот на вчерашниот ден да го добие Никола Груевски но обидот му бил залуден. Надевајќи се дека ќе го најде Груевски во просториите, Ставревски се упатил натаму но кога видел дека го нема таму почнал да вика по вработените и функционерите.
Покрај гласните напади, потпретседателот на владата искршил неколку чаши и здрвил еден монитор од бирото – додава нашиот извор.
Очигледно Зоран Заев со изнесувањето на еден мал дел од доказите во текот на вчерашниот ден создал вистинска паника и нервоза во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.