Скандал во Собранието : Спикерот Вељаноски не му даде збор на народиот правобранител Иџет Мемети

0
315

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска бил спречен да зборува во парламентот на седницата за ребаланс на Буџетот, пренесе порталот Нова повикувајќи се на извори во парламентот. Од канцеларијата на правобранителот  за Нова го потврдиле инцидентот, но одбиле да го коментира.

Screenshot_8

Правобранител сакал да се обрати пред пратениците бидејќи со ребалансот власта решила да скрати од буџетот на институцијата 4 милиони и 236 илјади денари од тековната 2015 година.

Службите на парламентот му пристапиле пред почетокот на седницата и му рекле дека нема право на збор оти на ваков тип за седница за ребаланс не било законски да зборува пред народните избраници. Правобранителот се обидувал да објасни дека такво нешто не е според законот и дека ова не е прва седница за ребаланс на буџет на којашто тој зборувал. Им посочил да ги погледнат стенограмите од 2012 година кога тој, исто така, зборувал пред пратениците на седница на ребаланс кога на институцијата со која раководи и ги крателе средствата.

Откако не успеал да се објасни, тој си заминал од парламентот.
По некое време, службите оттаму почнале да му звонат и да го викаат да се врати назад бидејќи увиделе дека погрешиле и дека сепак би можел да се обрати. Народниот правобранител не се вратил, а од канцеларијата велат дека се зачудени од односот во Собранието.

Текстот во целост прочитајте во тука