СКАНДАЛОЗНО: Педофилско издание на режимските кучиња Миленко и Тони!

0
225

Стотици коментари, статуси и твитови на социјалните мрежи откако Миленко Неделковски објави фотографија на 14-годишната ќерка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Александра, која таа ја споделила на својот Фејсбук профил.

toni-milenko

Под фотографијата на малолетното девојче Неделковски го напишал следното: „Црпнат, се ти е простено, ради Сашка…“.

Во ова му се придружи и неговиот „колега“ од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, Тони Михајловски, кој во коментар под фотографијата го прашува Миленко – „И на Сашка ќе и простиш?:)“.

11247600_10153186894867917_3924924869219861841_n

Ова предизвика згрозеност од граѓаните кои бурно реагираа на самата објава на Миленко, но и на своите Фејсбук и Твитер профили.

„Ти личе ли на годините да ставиш слика и да плукаш по 14 годишно девојче? Имаш ли мозок барем малце за да размислиш?ДНО ОД човек“, стои во еден од коментарите.

„Јас колку што се сеќавам Јанко викаше по Саше “не ги мешај децата”. Ама не, ти си надвор од сите вери“, коментира друг.

„Невиден педофил мрш бе сви*о една педофилска… до каде оди вашето лудило треба да ве казнат…“ е дел од друг коментар.

Во коментарите има и многу навреди за Миленко, но и за Тони, кои нема да ги објавиме.

На својот Фејсбук профил реагираше и екс-пратеникот Јани Макрадули.

„За постот на Миленко ако не реагира власта, а особено Груевски, ќе биде уште еднаш соучесник во сите мизерии на оваа нивна разнебитена Македонија. За некои луѓе ни специјален обвинител ниту специјален оддел не помага…“, напиша Макрадули.

Неделковски во својата емисија, но уште повеќе на својата Фејсбук страница употребува говор на омраза, навреди, клевети и сексуални алузии за многу јавни личности, но никогаш досега не бил санкциониран, ниту пак неговото однесување било осудено од некој од власта. Баш напротив, премиерот Груевски, претседателот Иванов, и министрите му гостуваат во неговата емисија.