Скандалозен избор во обвинителство: министрите на ДУИ и послушниците на ВМРО во Републичко и во Вишо!

0
313

Советот на јавни обвинители на чело со Петар Аневски, кој од пред 3 дена доби уште еден мандат во Советот, денеска направи скандалозен избор на јавни обвинители во Републичкото и во Вишто јавно обвинителство во Скопје, ставајќи ги во прв план партиските кадри и послушниците кои добија високи позиции во јавните обвинителства без ниту еден ден обвинителски стаж, или со метеорска кариера преку кумовски и друг вид партиско пријателски релации, пишува „Сведок“.

За републички обвинител, без ниту еден ден стаж во обвинителството е избран Џелал Бајрами, поранешен министер за труд и социјална политика и заменик министер за внатрешни работи од ДУИ. Бајрами е од Куманово има завршено Правен факултет, сакал да се школува на Академијата за судии и обвинители, но се откажал бидејќи му понудиле функција министер, па по разните реконструкции, од министер стана заменик во МВР, а сега, ДУИ преку инсталациите на ВМРО ДПМНЕ во советот на Јавни обвинители го избра за обвинител во Републичкото обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски.

Бајрами, сега како обвинител во највисокото обвинителство, иако не напишал ниту едно обвинение во животот, ќе ја цени работата на сите обвинители и ќе ги застапува предметите пред Врховниот суд на Република Македонија.

Не помалку скандалозен е и изборот на „госпоѓата амбасадорка“, обвинителката со метеорска кариера Анита Топалова Исајловска, која за неполни 7 години успаеа да ги помине сите степени на обвинителство и да стане заменичка на Марко Зврлевски, чиј промотор и беше во сите степени.

Изборот на Исајловска е врзан и со минатонеделниот избор на нејзиниот сопруг за заменик министер за надворешни работи. Кариерите на брачниот пар Исајловски рабстат правопропорционално, па како Исајловски ги менуваше амбасадите во Украина, Русија и Кина, така и Анита од заменик основен скопски обвинител кон крајот на 2009, неколку дена по неговиот избор за заменик министер експресно е вдомена во највисоката обвинителска функција.

Во историјата на македонското обвинителство не се памети дека вакви „падобранци“, без кариера или со метеорска, како Бајрами и Исајловска биле избрани на највисоки функции.

Целиот текст ОВДЕ