СИТЕ ГИ САКААТ СДСМ, Радмила и Заев, ГРУЈО ВЕЌЕ ОДАМНА НИКОЈ НЕ ГО ФЕРМА – Шекеринска во Берлин: Поддршка од Европа за напорите на СДСМ за демократизација на Македонија

0
443

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во рамки на дводневната посета на Берлин, Сојузна Република Германија, денеска оствари средби со претседателот на СПД Германија и кандидат за канцелар Мартин Шулц и со премиерот на Шведска, Стефан Лофвен.

Вчеравечер Шекеринска се сретна со Кнут Флекенштајн, европратеник и заменик претседавач на Пратеничката група на Социјалисти и демократи во ЕП.

На средбите, заменик претседателката Шекеринска уште еднаш доби недвосмислена поддршка и охрабрување за напорите на СДСМ за демократизација на Македонија и спроведување реформи за остварување на евроатланските аспирации.

Денеска Шекеринска е на состанокот на Президиумот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), каде ги информираше претставниците на сите сестрински партии од Европа за последните случувања во Р.Македонија и потезите на СДСМ во насока на надминување на политичката криза преку демократски средства.

Sekerinska1 13.03 Sekerinska2 13.03