Силвана Бонева е новата водителка на популарната емисија Top Gear

0
97

Поранешната пратеничка а сега членка на ДИК, Силвана Бонева ќе биде ангажирана во популарната емисија за автомобили Top Gear.

Продуцентите на емисијата биле воодушевени од возачките способности на Бонева, но и од нејзината популарност во Македонија, па решиле за првпат да ангажираат жена водител. Бонева ќе има посебна рубрика во емисијата која ќе се однесува на возење преку патарини, а засега не се открива датумот на нејзината прва емисија, бидејќи во моментов таа е посветена на изучување на англискиот јазик.

Извор: Коза Ностра

СПОДЕЛИ