СЕ ОРГАНИЗИРААТ ОГРОМНИ ПРОТЕСТИ пред Владата во 17 часот за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски

0
272

Обелоденувањето за вистината за обидот на власта на кој начин  да го забошоти убиството на 21 годишниот Мартин Нешковски преку денешните објавени разговори на врвот на власта и МВР, повеќе граѓански асоцијации организираат протест пред владата,вечерва во 18 часот.

neskoski

Мотото е стоп на полициската бруталност. Протести за убиството на Мартин Нешковски и револтот што МВР два дена криеше за грозоморниот чин,и тогаш,пред 4 години одржуваа со денови млади Скопјани,но тогаш тие во јавноста од власта беа наречени “комуњарски“ а на граѓаните и, пред се, на семејството на младото убиено момче до ден денеска власта не им ја кажуваше.

Со денови Александар Нешковски,братот на убиениот Мартин, со стотици млади протестираше и ја бараше вистината,кој го уби и зошто власта го крие и извртува грозоморниот чин.

Во меѓувреме почина и таткото на Мартин, не дочекувајки ја вистината кој го уби неговиот син.

Граганскиот активист Кирил Ефремовски кој вечерва ке биде на протести против полициската бруталност на неговиот фб профил по денешните бомби За вистината за убиството на Мартин Нешковски напиша:

После денешнава „бомба“, и објавените аудио снимки, Јавниот обвинител на РМ, треба да покрене постапка против Гордана Јанкуловска, Мартин Протогер, Иво Котевски и Дејан Митровски-Урко, Сашо Мијалков…, тие треба кривично да одговараат за соучесништво во акт прикривање на кривично дело – убиство согласно ЗКП, како и за злоупотреба на службена должност и овластување, измена (фалсификување) на службени белешки/записник во официјален дневен билтен на настани на МВР, неиздавање на писмена наредба за припадник на специјални едница при МВР, согласно процедурите и акти на МВР…

Одговорноста на оние кои учествувале во прикривањето на одговорноста и заташкувањето на убиството на Мартин Нешкоски, е исто толку големо колку и на оној кој сам го изврши убиството и беше осуден на 14 години затвор.

Искрено ваш, еден од оние „копиљаците“ кои 2 месеци секојдневно протестираа и бараа ваши оставки и тогаш и сега!

Прев владата вечерва како што најавуваат ке бидат Движењето против полициска бруталност и од невладините Плоштад слобода, Хелсиншкиот комитет и други.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=eZAs1c6eM8I[/youtube]