СЕЉАНКИТЕ РАСТУРААТ ВО ДИЈАСПОРА : Македонка во Австралија на суд за возење со над 200 км на час со нејзиниот скап Мерцедес

0
1373

,,Мерцедес мама“, како што ја нарекуваат австралиските медиуми, Македонката Маргарита Томовска која живее во Австралија, ќе мора да одговара на суд за пребрзо возење на нејзиниот скап Мецедес, за кој австралиските медиуми пишуваат дека чини 260.000 илјади австралиски долари.

Откако ја забележала полицијата на еден од автопатите, таа се обидела да им избега, па бркотницата траела десетина километри, по што била уапсена.

27 годишната Маргарита е позната на социјалната мрежа Инстаграм и во дел од австралиската јавност, по фотографиите со скапи автомобили, меѓу кои и со ,,Мерцедесот за принцеви“, како што ја нарекуваат скапата машина.

Инцидентот со Томовска се случил во ноември, лани, а судењето се одржа на осми јануари, оваа, 2019 година.

Таа на своите обожаватели на Инстаграм, кои и ги лајкнуваат фотографиите со скапи марки на неа или со прескапите автомобили, им објавила дека во иднина ќе можат да комуницаарат преку нејзиниот ПР менаџер, пишуваат дел од австралиските медиуми.

Маргарита Томовска обожува да се фали со своите скапи работи