Семејствата на обвинетите од „Детонатор“: Од кога Дацо Белски е буџет на РМ?

0
444

Скопскиот Апелациски суд го потврди решението на Кривичниот совет на Основен суд 1 за замрзнување на имотот и сметките на осудените во процесот „Детонатор“ и нивните семејства, на нивните деца, жени, фирми, мајки и татковци, алармираат засегнатите. Решението за замрзнување на средства и имотот  е донесено уште во април 2012 година и според закон треба да се преиспитува на секои два месеца. Во образложение е наведено дека оваа мерка е донесена зара.ди заштина на државниот интерес поради можни даночни затајувања и финансиски криминал кои би го оштетиле буџетот на Република Македонија, иако во процесот нема финансиски криминал, ниту даночно затајување.

Protesti_Detonator

„Цели три години ова решение не се преиспита! Многу се зафатени судиите ни наши, дека судат во името на граѓаните на Република Македонија, нели. Никаде во Законот за кривична постапка (кој уредува замрзнување на средства и имот на обвинети) не стои дека истата мерка ќе се применува за обезбедување на побарување на оштетеен (физичко или правно лице), туку само и единствено за обезбедување во случај кога државата е оштетена. Ние, семејствата и роднините на обвинетите во луцидниот случај Детонатор отворено ги прашуваме: Саше, Никола, Горде, Миле како и судиите Весна Димишкова и Лиљана Шопова: Од кога Дацо Белски е држава во државата? Од кога Дацо Белски е буџет на РМ? Од кога цела институција наречена „судство“ се стави во заштита на наводно оштетениот, наместо во заштита на државата? По кој член од законот судат судиите во РМ? Кој е нарачателот на оваа комедија?“, пишуваат засегнатите.

Свесни сме дека „Никола и неговата свита“ нарачаа наша ликвидација на начин што на малолетни деца им замрзнаа сметки, нивните мајки и татковци, баби и дедовци исто така се замрзнати до смрт, како би немале средства за живот. Единствено воздухот не ни го замрзнаа, се жалат семејствата и роднините на обвинетите.

„Нашата порака до Никола и неговата свита е јасна: гладни сме за леб, но уште повеќе сме гладни за правда! Се додека чука и последното срце, ќе се бориме за правдата на нашите најмили, а уште повеќе ќе се бориме правдата да ве стигне вас, злосторничкото здружение! Немаме звучни имиња, не сме познати фаци , но сме познати борци! И да, Миле, да прашаме: на кој список беа нашите замрзнати фирми за казнување? На твојот, или на нечиј друг?“, пишуваат засегнатите.