Села му се налути на Заев затоа што не му честитал на Косово за војската

0
208

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, му напиша на македонскиот премиер Зорн Заев да не му кажува на Косово што да прави, туку да му честита за формирањето на национална армија.

Заев вчера го истакна својот став дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово доаѓа во погрешен момент.

Тоа претставува националистичка изјава која пред сè е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави лидерот на Алијанска на Албанците Зијадин Села.

– Таквиот вокабулар на Заев го доведува во прашање неговиот однос со САД, оставајќи сомнеж дека таквото сценарио им одговара само на Србија и Русија, напиша Села на својот фејсбук профил.

Села, меѓу другото, му порачува на премиерот Зоран Заев, како што вели, да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија без да се меша во внатрешните работи на Косово.

Од Алијансата за Албанците, се вели во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да и честита на Косовската Влада за нејзината армија.