Седум совети за подобар сексуален живот

0
401

BuzzFeed направи видео во кое секс терапевтката Ванеса објаснува седум начини кои ќе го подобрат сексуалниот живот. Советите се однесуваат за односот на луѓето кон нивното тело, односно фокусирањето на задоволството. Луѓето треба да се ослободат од чувството на срам, со оглед на тоа што сексот е природна работа. Комуникацијата исто така е важна, како и почитта кон партнерот. Експериментирањето во сексот може да го зачини самиот чин, а ако сакате добар секс треба да најдете време. Сосема е во ред да уживате во сексот и добро да се забавувате.