СДСМ – Шилегов : Се распаѓа системот на Никола Груевски

0
244

Државниот систем на Никола Груевски се распаѓа по сите шавови.  Последниот шокантен случај со смртта на малата Тамара е класичен доказ за целосен распад на здравството.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=q2RUNaZcF1M&feature=youtu.be[/youtube]

Повеќе од јасно е дека се направени огромни институционални пропусти, трагични за малата Тамара.

Според сознанијата на СДСМ уште во првото конзилијарно мислење наведено е дека случајот на Тамара е итен.

Две Комисии, од Одделот за ортопедија и Одделот за трауматологија, уште во април, а потоа и во ноември минатата година, испратиле официјални извештаи до Фондот во коишто е наведено дека лекувањето на малата Тамара е невозможно во Македонија и дека случајот е итен.

Второстепената комисија во Фондот за здравство го имала последниот збор!

Но, изјавите целосно го разобличуваат хаосот во којшто функционира здравството.

Директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева, тврди немало конзилијарна препорака дека случајот е итен.

Потписничката на одлуката на Второстепената комисија, Аспазија Софијанова, вели дека потписот е нејзин но не се согласува со одлуката, со којашто се одбива жалбата за лекување во странство на малата Тамара како неоснована.

Скандалозно, Софијанова тврди и дека добила јавувања „одозгора“  правдајќи се дека ја менувала претседателката на Второстепената комисија, мајката на министерот Никола Поповски.

Мајката на Поповски била болна.

По ваквото правдање Тодоров молчи. Молчи и мајката на Поповски.

После загубен детски живот, што и да се каже е премалку. Оставката на Никола Тодоров е далеку од доволна.

Бидејќи има и други вакви случаи во Македонија, повикуваме да не се чека. Бараме веднаш да се реагира, да се превземат сите мерки, итно да се испратат овие лица на лекување во странство.

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

Одговор на новинарски прашања :

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=cQy03LiLbyw&feature=youtu.be[/youtube]

П1: Ако нема прашања на темата, јас имам едно прашање надвор од темата.  Уставниот суд укина дел од Изборниот законик односно ја избриша употребата на видливото мастило при гласачкиот процес. Tоа беше внесено во Изборниот законик по предлог на СДСМ, лани, ова време. Како го коментирате ова, се нарушува ли воспоставената рамнотежа во законите?

Тоа беше предлог на СДСМ којшто беше консензуално прифатен од сите учесници во процесот на усогласување на текстот на законот. Меѓутоа, ова многу повеќе зборува за реалната волја на ВМРО-ДПМНЕ околу организирање фер и демократски избори во Македонија. Бидејќи очигледно веќе не може ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груески да ги организизраат преку провладнин екперт во владиниот Уставен суд ја поништија одлуката којашто беше всушност донесена поради регуларност на изборите.

П2: Три дена после прес конференцијата на Вашиот лидер, кадешто беше посочена снимка од разговор помеѓу министерката за внатрешни работи и министерот за финансии, официјално од нив засега нема ни трага ни глас. Да се огласат дали потврдуваат автентичност или не потврдуваат автентичност. Како го толкувате нивниот молк?

Искрено се надеваме дека согласно Уставот и законите госпоѓата Јанкулоска ќе ги превземе сите можности коишто ги нуди Законот. Се надевам дека ќе покрене лична постапка и ќе го тужи Министерството за внатрешни работи, чиј што министер е, за недозволено прислушување и следење. Како ќе реагираат тие ќе треба да ги прашате нив. Три дена после објавувањето на скандалот за масовното прислушување во Република Макеоднија, како една од повиканите, госпоѓата Јанкулоска воопшто се нема произнесено а господинот Ставрески исто така. Ако не за друго, барем да ја потврдат автентичноста на разговорот.

П3: На прес конференцијата претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека е поднесена кривична пријава против Никола Груевски и Сашо Мијалков за неовластено следење па дали е поднесена и до каде е процедурата?

Поднесена е. Инаку топло му препорачуваме на Марко Зврлевски да почне да слуша и други освен провладините медиуми. Можеби ќе слушне дека нешто се случува во државата. Како ќе работи Марко Зврлевски, лично, како Јавен обвинител, е негова одговроност. Бидејќи ја почитуваме оваа држава, наше е да поднесеме до надлежните институции соодветни пријави. Нека остане трага. Повторно велам, кривичната пријава беше поднесена. Така што скандалозно е човек што претендира дека е државен обвинител, притоа правам сериозна дистинкција помеѓу носителот државен обвинител Зврлевски и вработените професионалци во Јавното обвинителство, за ваков голем скандал да каже дека не слушнал.