СДСМ: Тефтерчето на Гордана Јанкулоска целосно ја загуби својата моќ

0
204

ВМРО ДПМНЕ, под раководство на Никола Груевски и криминалната свита околу него се единствените кои веќе една деценија вршат притисок врз судството во Република Македонија, вели битолската СДСМ.

„Јавноста со свои уши слушна дека злосторнички здружени, од врвот на раководството на ВМРО ДПМНЕ, безкомпромисно вршеле упад врз судството, местеле судии и судски одлуки, поставувале претседатели на судови. И денес се потврди дека локалното раководство на владејачката партија во Битола е под силен притисок од криминалците кои им ја узурпирале партијата, да го штитат криминалот, протестирајќи пред Апелациониот Суд во Битола.

Она што сега им смета е фактот што тефтерчето на Гордана Јанкуловска целосно ја загуби својата моќ.

Им смета тоа што силата се враќа во граѓаните, а институциите влегуваат во нормала. Им смета тоа што секој ќе го добие заслуженото.

Ги повикуваме властодршците конечно да ги тргнат рацете од судството и институциите, а чесните членови на ВМРО ДПМНЕ да не си го валкаат образот поради криминалците во своите редови.

Правдата и праведноста полека се враќаат во Република Македонија и тој процес ништо не може да го запре.“, се вели во реакцијата.