СДСМ: Стариот струмички театар е празно ветување на „преродбениците“

0
149

Струмица беше и останува рак рана на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Со години беше заборавена и не постоеше во ниту една нивна агенда. Така го манифестираа гневот од неизвојуваните победи, заборавајќи дека во Струмица не живее само Зоран Заев. Затоа во Струмица наместо дела, има само празни ветувања.

И денеска во Струмица имаше парада на „преродбениците“ предводени од министерката за култура. Од 2012 година до денеска шест пати парадираа на Стариот театар. Цели 4 години ја ветуваат неговата обнова. Но таа се уште не е завршена. И денеска министерката даде уште едно ветување, наместо до крајот на оваа година, обновата на стариот театар во Струмица ќе заврши во првата половина на иднината година.

Е навистина, ЗБОРОТ е збор за ВМРО ДПМНЕ. Не е само Стариот театар празно ветување на „преродбениците“. Во последните месеци, неколку пати доаѓаа и се фотографираа кај новиот крак на струмичката болница, кај новата административна зграда, која што дури и ја пуштија во употреба иако до денеска не е во функција. Но, парадите со лажни ветувања од криминалците на ВМРО ДПМНЕ не поминуваат кај струмичани.

Тие добро знаат што се дела, а што празни зборови. Затоа три пати по ред својата доверба му ја даваа на градоначалникот Зоран Заев. Затоа што Зоран Заев ја направи Струмица една од најразвиените општини во Македонија, најдобро место за инвестирање во земјава, сигурно, напредно и убаво место за живеење за сите нејзини граѓани, велат од СДСМ Струмица.