СДСМ со апел до ДПМНЕ : Здравствениот систем е во колапс, итно е потребна нова реформска Влада!

0
339

Затворањето на одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија, поради недостиг на медицински кадар, за жал, е првата конкретна последица од блокирањето на демократските процеси и формирањето на нова реформска Влада. Здравството е во колапс, а ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи демократските процеси.

Доколку денеска имаше нова реформска Влада, ќе се решеше проблемот со кадарот во болницата 8-ми Септември и таа немаше да има затворени одделенија и ќе работеше во полн капацитет. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги спречуваа демократските процеси, денеска веќе ќе се разгледуваше предлогот за зголемување на платите на лекарите и специјализантите, а лекарите ќе беа ослободени од дополнителни административни обврски на работното место и ќе се посветеа на лекувањето.

ВМРО-ДПМНЕ десет години го уништуваше здравството и тоа уништување продолжува и денес, кога како опозиција ги кочи промените кои треба да донесат квалитетно и достапно здравство и подобар живот за сите. Македонија не смее повеќе да си дозволи да остане без нова реформска влада за која гласаа мнозинството граѓани.