СДСМ продолжува да го тепа Грујо со брутални Соопштенија : ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави огромни штети во земјоделството, веднаш да престанат да покажуваат лажна загриженост за земјоделците

0
824

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше и манипулираше земјоделците, а нефунцкионалноста на институциите што зад себе ја остави резултираше со штети врз граѓаните, особено врз земјоделците.

Наместо да прикажува лажна загриженост и неосновано да обвинува, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто нивниот директор во А.Д Водостопанство дозволил цели 20 дена системот за наводнување во Росоман да биде во дефеткт и тоа во сезона кога е неопходно наводнување за да се добие подобар квалитет на праските ? Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ им предизвика сериозни проблеми на овоштарите, кои денеска заради оваа и други причини кои влијаат на квалитетот на праските, не можат да го продадат своето производство по посакуваната цена.

СДСМ, преку новата Влада што ја предовди, активно ги решава напластените проблеми што ВМРО-ДПМНЕ им ги создаде на земјоделците. Производителите на праски ќе добијат 6 денари по килограм субвенција како помош од државата заради ниската откупна цена на праските.

Новата Влада предводена од СДСМ, навистина се грижи за земјоделците и работи на зголемување на нивниот животниот стандард. Заврши времето на богатење на лажни земјоделци, на задоцнети субвенции и оштети, на закани и уцени кон вистинските земјоделци како што го правеше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години.