СДСМ ПРИЛЕП : Криминалната ВМРО-ДПМНЕ шири паника во пресрет на „Пивофест“

0
217

Очигледна е намерата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на „Пивофест“ да ги заплашува граѓаните и да шири паника, особено после вчера соопштениот став на Министерството за внатрешни работи дека безбедносната состојба во Прилеп е стабилна.

Директорот на бирото за јавна безбедност, вчера јасно посочи дека полициските службеници се подготвени за обезбедување на јавниот ред и мир, особено во текот на фестивалот, со цел се’ да помине во најдобар ред, без оглед на бројката на гости што се очекува во Прилеп.

Од тие причини денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, не е ништо друго освен очајнички обид да ја “минира“ претстојната манифестија.

Времето кога Прилеп навистина беше небезбеден град и кога за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ бомби пукаа дури и пред прилепската полициска станица, е минато.

За разлика од тие мрачни времиња, денес полицијата е партнер на граѓаните, а случаите ги решава брзо и ефикасно, што придонесува за враќање на довербата во работата на Министерството за внатрешни работи.