СДСМ ПРИЛЕП: Бескрупулозна лага и дезинформација е објавата на порталот “Маркукуле” дека бил разрешен претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски!

0
203

Реакција на Општинската организација на СДСМ Прилеп, на објавената лажна вест на порталот „Маркукуле“:

Со лажни вести, груби измислици и манипулации, порталот “Маркукуле” одработува за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Бескрупулозна лага и дезинформација е објавата на порталот “Маркукуле”, дека бил разрешен претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.

Општинската организација на СДСМ-Прилеп е сплотена и единствена, отворена за сите граѓани, а заедно со прилепчани ќе донесе голема победа на 5-ти мај.

На 5-ти мај, победува концептот за напред во европска иднина со европски Претседател.

ВМРО-ДПМНЕ и интернет порталите кои одработуваат за криминалната партија на Мицкоски и Груевски, да се подготват за пораз.

Истовремено, доколку порталот “Маркукуле” не ја повлече и демантира лажната вест согласно законскиот рок, следува тужба за клевета.