СДСМ Охрид : Премиерот во оставка не ги посети сообраќајниците на Охрид полни со ФЕКАЛИИ, КОНТЕЈНЕРИ И ЃУБРЕ!

0
157
Премиерот во заминување Никола Груевски денес беше во посета на Охрид. Во придружба на челниците од Општина Охрид, премиерот со ковертирана оставка не успеа да помине по улицата „Питу Гули“, затоа што оваа сообраќајница, една од главните и најпрометните во градот, се реконструира во екот на високата туристичка сезона.
sdsm-ohrid1-636x3201-540x271
 
Домаќините најверојатно заборавија да му ги покажат на нивниот в.д. премиер преполнетите контејнери за ѓубре, нечистите улици и излеаните фекалии во езерото, а сигурно не беа во можност да му ја презентираат несносната турбо-фолк бучава од угостителските објекти во доцните ноќни часови.
 
Во средствата за јавно информирање беше најавено дека неговата посета е поврзана со свечено пуштање во употреба на новоизграден објект во Охрид.
Целата охридска јавност со нетрпение и љубопитност очекуваше да види и да разбере за каков објект станува збор.
 
Првата помисла беше дека ќе се пушта во употреба некој од ветените капитални проекти – затворениот базен, модерната автобуска станица, современиот покриен пазар, домот за стари лица, реновираното пристаниште или новата марина. Но, веднаш стана јасно дека тоа е невозможно, затоа што сите овие ветени капитални проекти власта на ВМРО-ДПМНЕ ги има реализирано само на хартија.
 
Тогаш помисливме дека можеби се работи за новиот луксузен хотел кај Горица, или за модерниот туристички комплекс на Субрата Рој во Љубаништа, или за аеродромот на вода кај Св. Наум, или за економската развојна зона кај Мауцкер, или за зимскиот туристички центар на Галичица. Меѓутоа, испадна дека овие ветени проекти одамна се веќе заборавени и напуштени.
И тамам се понадевавме дека можеби конечно ќе бидат пуштени во употреба новиот плоштад и фонтаната кај некогашен минимаркет или новата пешачка патека кај ајван-плажа, испадна дека и по цели 9 месеци градење фонтаната се‘ уште не е готова, а од предвидените 2 км. патека изградени се само 210 метри. И тогаш пристигна вистинското изненадување – премиерот во заминување свечено ја пушти во употреба кружната раскрсница помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Бистрица“.
 Тоа е истата онаа чудна кружна раскрсница што се градеше повеќе од 5 месеци и што веќе е во употреба повеќе од 2 месеци.
 Сепак, на крајот од денот, охридската јавност остана помалку зачудена и разочарана од фактот дека премиерот во заминување не ја пушти свечено во употреба уште еднаш спортската сала во Велгошти, по четврти пат.