СДСМ Охрид : Бакрачески, кажи зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?

0
186

Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?! Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А, Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат, побараа денеска од СДСМ.

– Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата на езерото? Од кого и за што? Брзо ќе се дознае! Укажуваме дека Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство и сите штети по езерото се противзаконско дело! Со промените што доаѓаат, ќе се стави крај и на безобразниот однос кон Охридското Езеро.
Секој кој сторил какво било уништување на природните богатства на Македонија, ќе одговара – рекоа од СДСМ.