СДСМ: Нервозата во белиот дворец кулминира, Стевананџија се заканува кон граѓани со бесилки, оставка затоа што не е достоен да ја извршува функцијата пратеник

0
353

Нервозата во белиот дворец кулминира, нема спас за криминалците.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, се заканува со бесилки и шири говор на омраза, што е скандалозно и недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.

Срамно и недозоливо е Стеванаџија да шири говор на омраза и да заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои имаат различни ставови од него.

Со таквото однесување Димитар Стевананџија покажа дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора веднаш да си поднесе оставка.

Го повикуваме Народниот правобранител, по допрен глас да реагира на ова очигледно ширење омраза и закани кон граѓаните.

Апелираме за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено онаа на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото оденсување на Стевананџија.

Како одговорна партија, осудуваме каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став.

Тоа во демокатрска држава е недозволиво, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на народни претставници во законодавниот дом.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се откаже од матрицата на закани, уцени и пресметки со политичките неистомисленици што ги практикуваше цели 11 години како владејачка партија.