СДСМ : Наместо панични реакции и бегање од јавноста Мицкоски да одговори дали се сретнал Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе во Словенија

0
134

ВМРО-ДПМНЕ се во голема паника, се плашат  од правдата и освен очајни обиди да ги заштитат криминалите од режимот ништо друго и не прават.

Наместо да се крие зад панични реакции Мицскоски нека излезе пред граѓаните и да одговори:

Дали Мицкоски се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија?

Редно е да каже, дали, кога и каде? Ако се видел, за што разговарале? Што му дале, што им дал?

Особено откако Мицкоски призна дека се сретнал со Зоки Кичеец, осомничен во случајот Рекет.

Одговорност за сите инволвирани во алучајот Рекет мора да има, но и за тајкуните на режимот.

Наум Столковски нека ги повикаат на одговорност сите за кои се водат постапки од ВМРО ДПМНЕ. 

Сите отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја и многу други да се расчитат до крај.