СДСМ: Македонија земја со 53% младинска невработеност!

0
333

„Македонија стана земја во која младите луѓе ги изгубија шансите за вработување и нормален живот. Според Светска банка во Македонија 53% од младите се невработени.

Ваквиот тренд на се поголема младинска невработеност принуди голем број на млади високообразовани луѓе да ја напуштат земјата. 30 % од младите образовани се иселиле од МАкедонија што значи дека секој трет млад човек по дипломирањето заминал по работа во трети земји. 80% од оние што останале размислуваат да си заминат.

Со Груевски нема напред затоа што неговите промашени економски политики станаа опасни по животот на младите луѓе во МАкедонија.

Младите имаат шанса на 11 декември со својот глас за живот да го запрат овој егзодус на прогресивната младинска сила.

Нашиот ПЛАН за живот има за цел да ги задржи младите да останат да живеат и работат дома во Македонија со повисоки плати, сигурни добро платени работни места и гарантирани шанси за вработување по завршувањето на школувањето и услови за водење на сопствен бизнис.

По завршувањто на школувањето младите луѓе ќе имаат гарантирана шанса за вработување, тренинг, обука или продолжување на образованието.

За оние млади луѓе што ќе имаат добра бизнис идеја државата ќе обезбеди неповратни 10.000 евра за да отпочнат свој бизнис. За новите бизниси ќе има и бесплатни административни, сметководствени и консалтинг услуги во старт ап центри.

Секој млад човек кој ќе сака да основа сопствена фирма тоа ќе може да го направи со само 1 евро основачки капитал.

За новите бизниси ќе има и евтини кредити од 15.000 евра со само 1% камата.

Со нашиот План за живот ќе обезбедиме и повисоки плати, минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари до крајот на мандатот.

Време е да се врати Животот во Македонија и младите да ни останат во Македонија! Затоа на 11 декември младите имаат избор, 4 За ЖИВОТ во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.