СДСМ КРАТОВО ГО ПРЕДИЗВИКУВА ЅИНГО: Ајде ако имаш храброст излези сам со свој кандидат за градоначалник на Кратово да видиме колку тежиш во градот кој го уништуваш со децении!

0
873

СДСМ Кратово му фрла ракавица на Ѕинго и го предизвикува да излезе сам со свој кандидат за градоначалник на Кратово за да видиме колку тежи кај народот во градот кој го уништува веќе со децении!

Да не се лепи пак за ВМРО-ДПМНЕ и да се шверца со нив, туку сам да да го видиме колку му тежи газот пред Кратовци, ако има храброст воопшто да се соочи со нив после се што вети а не оствари!

Градот требаше да има развиена индустрија, фабрики, да цвета, а градот умира со само 20 прводеленчиња оваа година и новороденчиња кои се бројат на прсти, цели населби иселени по цел свет, ако продолжи вака градот тотално ќе замине во историјата!!!

СДСМ најавуваат дека конечно на овие избори Кратово целосно ќе се ослободи од Ѕинговото ропство, а за таа цела испраќаат апел до Сите Кратовци на денот на локалните избори да се врата од Куманово, Скопје, Словенија, Италија, Америка, Канада, Германија, Англија итн и да гласаат на изброрите против човекот кој ги избрка од градот!