СДСМ: Згрозувачки педофилски статуси на Миленко Неделковски

0
155

Никола Груевски нема повеќе никакво право да спомене семејни и демохристијански вредности. Тоа што го направи Груевски синоќа, преку провладиниот портал Курир, со злоупотреба на фотографија на 14 годишната, малолетна ќерка на претседателот Зоран Заев, само за да се оправда по медиумските информации за неговите скапи очила и летувањето во Тел Авив, е одвратен потег што ги надминува границите на нормалност. Како тоа да не беше доволно, па денеска пропагандата продолжува со згрозувачки педофилски статуси на водителот во Канал 5 телевизија, Миленко Неделковски, кај кој Никола Груевски е чест гостин,  велат од СДСМ по денешната навреда на Неделковски кон малолетната ќерка на Зоран Заев.

sdsm-1_0

Од партијата велат дека семејството на Заев е постојана мета на медиумската пропаганда на фрустрираниот премиер Никола Груевски и ако имаше институции во Македонија, досега тој и неговите извршители ќе одговараа за сите лаги и конструкции со коишто со месеци ја трујат јавноста.

„Прекршени се етички, новинарски стандарди, злоупотребено е малолетно дете и тоа од соработници од најтесното опкружување на Груевски. Семејството на претседателот Заев и официјално ќе ги извести сите домашни и меѓународни организации за скандалозниот случај во којшто за политички цели е инволвирана неговата малолетна ќерка, а ќе бидат преземени и соодветни правни чекори. Се покажа дека власта на Груевски не само што поддржува туку и стимулира настраност и насилство. Потезите со коишто кулминираат потезите на Никола Груевски покажуваат дека станува збор за давеник за сламка, кој не избира средства во голата битка за власт што ја води“, се наведува во реакцијата.